Интер е официјално шампион на Италија, откако денеска Аталанта не успеа да победи на гостувањето кај Сасуоло.

Тимот од Бергамо уште во 22-та минута остана без својот голман Пиерлуиџи Голини, кој доби црвен картон, но сепак поведоа 10 минути подоцна со голот на Робин Госенс.

Доменико Берарди во 52-та минута ги постави конечните 1:1 со гол од пенал. А пенал во 77-та минута промаши Луис Муриел од Аталанта.

До минимална но важна победа дојде и Наполи. Стрелец на единствениот гол против Каљари беше Виктор Осимен во 13-тата минута.

Реми 3:3 одиграа Болоња и Фиорентина. За гостите два пати стрелаше Душан Влаховиќ, еднаш Бонавентула, додека за домаќините троен стрелец беше Родриго Паласио.

Со денешните резултати покрај тоа што Интер е шампион, Аталанта се врати на втората позиција, а има исто бодови со Наполи и Милан, а ќе има и со Јувентус доколку од 18 часот победат против Удинезе.

Standings provided by SofaScore LiveScore