Поранешниот тренер на Динамо Загреб Зоран Мамиќ денеска не се појавил на издржување на казната во затворот Реметинац, со што и официјално стана бегалец од правдата.

Мамиќ е осуден на четири години и осум месеци затвор поради извлекување пари од Динамо. Хрватските медиуми објавија дека ќе биде издаден европски налог за апсење, кој ќе биде пратен во полицијата за распишување домашна и меѓународна потерница.

Мамиќ некое време се наоѓа во Босна и Херцеговина заедно со својот брат Здравко, кој веќе неколку години е во Меѓугорје, како не би морал во Хрватска да ја издржува затворската кзна.

Зоран Мамиќ откако беше изречена пресудата изјави дека казната ќе ја отслужи во Хрватска што е порано возможно, но неодамна објави соопштение во кое објасни дека не е во бегство, но дека сака казната да ја служи во Босна и Херцеговина.