Во екипата на Хановер е констатиран втор случај на фудбалер заразен од Коронавирус.

Откако вчера беше објавено дека тестот на дефанзивецот Тимо Хјуберс е позитивен, денеска, според пишувањето на Bild, истото е констатирано и кај вториот дефанзивец на Хановер – Јанес Хорн.

Денеска Хановер се откажа од тренингот, а засега не е јасно дали ќе се одржи и средбата со Динамо Дрезден на 15 март.