Фудбалерите на Милан полека ја стабилизираа формата по оние два порази од Специја и Интер и се зацврстија на второто место на табелата во Серија А по победата викендов против Верона.

Пред Милан се три клични натпревари пред паузата поради репрезентативните натпревари. Во четврток „Росонерите“ гостуваат кај Манчестер Јунајтед во воведниот осминафинален натпревар во Лига Европа, викендов играат со Наполи на домашен терен а на 18 март ги очекува реваншот со „Ѓаволите“ на Сан Сиро.

„Јас сум Златан, чувствувам одговорност, лидер сум. Овој тим е единствениот кој ме радува и сакам да помогнам во целиот процес. Не знам дали ќе останам, ќе видиме, ако Паоло Малдини сака, јас сум за. Сезоната е долга, останаа уште натпревари, секогаш играме на победа.“ – изјави Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот оваа сезона на 21 меч во сите натпреварувања за Милан постигна 16 голови и две асистенции.