Угледниот хирург Фреди Фу почина по тешко боледување. Тој е роден во Хонг Конг, а кариерата со години ја градеше во САД.

Таму стана претседател на американската ортопедска федерација за спортски медицина, а покрај тоа има добиено бројни награди за достигнувања во хирургијата.

Тој беше специјалист за лекување на повреди на коленото, па така и му помогна на Ибрахимовиќ.

Ибра во 2017-та како играч на Манчестер Јунајтед имаше тешка повреда на коленото. Фу го оперираше во Рим, а после тоа Швеѓанецот почна да игра уште подобро. Тој сега и на 40 години игра за Милан, а се тоа благодарение на Фу, од кого се прости на Инстаграм.

„Фреди Фу ми даде втора шанса во кариерата. Се уште сум на врвот благодарејќи нему. Нему му должам се. Ти благодарам, Фреди Фу. Почивај во мир.“