Според податоците на италијанскиот портал „Calcio e finanza“, иначе специјалициран портал за следење на финансиите во италијанскиот фудбал, моментално најплатен фудбалер на Милан е Златан Ибрахимовиќ, додека зад него се Ромањоли, Ребиќ, Жиру и Флоренци.

Сајтот ги објави платите во Милан и изнесе податок дека седумкратниот европски прват гоишно за плати на своите играчи троши бруот 82.73 милиони евра, односно нето 52.95 милиони.

Според нето износите најмногу, односно седум милиони добива Ибрахимовиќ, а по него е капитенот Ромањоли со пет милиони.

Трет е Анте Ребиќ со 3.5 милиони, исто колку и Оливие Жиру. Со три милиони годишно, листата за затвора Алесандро Флоренци.