Златан Ибрахимовиќ дефинитовно се враќа во Италија и тоа во Милан, ова го тврди Дин Гарбер, главниот секретар за МЛС лигата.

Според изворите од САД, Ибрахомовиќ веќе се договорил со Милан кој е во страшна резултатска криза. Договорот на Швеѓанецот со ЛА Галакси завршува за неколку недели и тој како слободен игра ќе дојде во Милан.

Ибрахимовиќ има 38 години и сеуште е во фокусот на вниманието на големите клубови, кризата во Милан го принудува клубот од Милано да се сврти кон овој искусен напаѓач.

Милан и Ибрахимовиќ соработуваа во 2010 година, за „роснерите“ постигна 56 голови на 86 настапи, во 2011 година со клубот од Милано ја освои титулата.