На Апенинскиот полуострво на големо се пишува за преселбата на Златан Ибрахимвиќ во Наполи. Навододо, преговорите меѓу Наполи и Златан Ибрахимовиќ се започнати, а главен проблем до постигнување на договор меѓу двете страни се финансиите.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, 38-годишникот швеѓанин бара пет милиони по сезона, додека тимот од „Сан Паоло“ му нуди само 1,5 милиони до крајот на тековната, а потоа, ако Ибра задоволи со играта, ќе добие три милиони за наредната сезона.

Ибрахимовиќ во минатото во Серија А ги носеше дресовите на италјанските гиганти Милан, Интер и Јувентус.