Златан Ибрахимовиќ е еден од најпознатите играчи во МЛС лигата , темпераментот му е  незгоден, што мисли тоа го кажува.

Последно што изјави е критиката за системот на натпревари во САД каде настапува. Лигата е поделена на Исток и Запад  и тоа му смета на Ибрахимовиќ.

„Како можете да барате победнички менталитет кога се што треба да направите  е да стигнете до плеј-оф. Играте цела сезона само за тоа, сите 34 натпревари во регуларната сезона не значат ништо“ – критикува Ибрахимовиќ.