Златан Ибрахимовиќ се повреди, последните информации говорат дека Швеѓанецот нема долго да отсуствува, но Милан веќе бара засилување за следната сезона, најде во Реал Мадрид и Наполи.

Лука Јовиќ е прв избор за Милан, но цената е голема, 40 милиони евра е минимум кој мора да го имаат за да стигнат до потпис на Србинот кој секако е на трансфер листата кја „кралевите“.

Аркадиуш Милик е втора опција за Милан, напаѓачот на Наполи има договор со клубот од Неапол до 2021 година, но АурелиоДе Лаурентис најави дека е на продажба.

Газета Дело Спорт тврди дека претседателот на Наполи секогаш продава скапо, Милан многу веројатно ќе тргне по Јовиќ, Србинот играше заедно со Ребиќ во Ајнтрахт и тоа ќе биде совршен тандем.