Како што тврди спортскиот директор на Беневенто, Пасквале Фоџа клубот бил во сериозни преговри за потпис на Златан Ибрахимовиќ и Мариу Манџукиќ.

Фоџа во изјава за „Tuttomercatoweb“ потврдил дека актуелниот лидер од Серија Б, преговарал со двајцата напаѓачи но до договор за нивна несреќа не долшло.

„Нашиот претседател силно се заложи да дојдеме до потпис на Манџукиќ и и Ибрахимовиќ.  Со Манџукиќ разговаравме непосредно пред неговото заминување во Катар, Ибраќимовиќ побара услови кои ние не можевме да ги исполниме. Имаме амбициозни планови, во моментов сме лидери во Б конкуренцијата и следната сезона нема да играме само за опстанок“ – изјави Фоџа.

Беневенто во моментов е лидер во Серија Б, на првото место има 19 бода предност во однос на Фросиноне, лидерот е најфикасен клуб во втората лига на Италија.