Раководството на Милан има приоритетна задача да го продолжи договорот со 38-годишниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој со своето доаѓање го препороди клубот. Милан се обидува да го продолжи договорот со Ибрахимовиќ до 2021 година.

Според Gazzetta.it, Швеѓанецот сака да остане во клубот, но има свој услов за да ја продолжи соработката со Милан. Имено, Ибрахимовиќ не е задоволен со составот на Милан и бара раководството во летниот преоден рок да донесе засилувања кои ќе го направат Милан поконкурентен.

Сегашниот договор на Ибрахимовиќ завршува со крајот на оваа сезона.