Златан Ибрахимовиќ се уште ги минува деновите на самоизолација во Милано, тој се врати од Шведска и мораше во задолжителен 14. дневен карантин.

Швеѓанецот објави фотографија на Инстаграм на која напиша нова ребус порака, можеби е само инспириран од филмот „Џокер“.

„Половина господ, половина ѓавол“

Нејасно е дали Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан, има најави дека ќе остане во Италија но ќе се пресели во Болоња, друга шпекулација вели дека има опции за Англија, доколку тоа не се реализира ќе се врати во Шведска.