Италијански Милан во осминафиналето од Лига Европа ќе игра двомеч со Манчестер Јунајтед.

Според „Скај Спорт Италија“ денешната ждрепка не донела баш среќа во редовите на Пиоли откако дел од играчите веста за противникот ја дочекале до фрустрација и разочарување. Интересно ќе биде да се види како Ибрахимовиќ ќе се обиде да ја врати самодовербата кај неговите соиграчи која во моментов е на ниско ниво.

Милан има добра историја во дуелите со Манчестер Јунајтед, но моменталната форма пред дуелот на 11 март на „Олд Трафорд“ не верува дека тимот од „Сан Сиро“ може премногу да се надева на успешна гостинска приказна, кометираат од Скај Спорт Италија.

Милан претрпе пет порази на последните 12 натпревари а нема постигнато гол од игра на последните четири во сите конкуренции.