Раководството на Милан не успеало да го убеди Златан Ибрахимовиќ дека проектот на Газидис и Малдини е вистинскиот избор за него.

Поради ова искусниот 38 годишен напаѓач на крајот од оваа сезона ќе го напушти Милан, нема да потпише нов едногодишен договор и ќе се врати во Шведска.

Ова го пренесува „Газета Дело Спорт“ и тврди дека Ибрахимовиќ планира кариерата да ја продолжи во Хамарби каде што тренираше оваа пролет за време на пандемијата од Ковид-19.

Ибрахимовиќ во моментов е повреден но се очекува да се врати во составот на Милан за дуелот со Лече.