Извршниот директор на Милан, Иван Газидис, во наредните неколку дена ќе се сретне со Златан Ибрахимовиќ на кого ќе му ги претстави плановите на „росоњерите“, а ветеранот веројатно го чека и нов договор со италјанскиот гигант.

Новинарот на „Ла Газета дел спорт“ Николи Шира пишува дека поранешниот интернационалец од Шведска побарал разговор со Газидис околу неговата иднина и иднината на клубот.

38-годишниот играч пристигна од ЛА Галакси во јануари годинава, а по неговото доаѓање Милан изгледа далеку подобро, иако сеуште не е оној вистинскиот.