Златан Ибрахимовиќ има 38 години, игра неверојатно во МЛС, еден од најдобрите играчи е во САД , последните резултати на Милан ги оцени како тажни.

Швеѓанецот во итервју за „Sky Sport Italia“ ја кометираше ситуацијата во Милан каде мина дел од својата кариера.

„Навистина ми е жал што го гледам Милан ваков, тоа е клуб кој заслужува да биде на врвот, но знаете, колку ќе вложите , толку ќе добиете, потребни се инвестиции, порано играчите сакаада доаѓаат кај Милан, сега не е таква ситуацијата“ – изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ има важечки договор со ЛА Галакси до декември, не ја исклучува можноста да се врати во Европа и да игра повторно во Италија.