Златан Ибрахимовиќ со нова изјава повторно го привлече вниманието, каде ќе ја продолжи кариерата, Милано е следната дестинација ако се суди според последната изјава.

Швеѓанецот вели дека во Милано се чувствува како дома, ужива во градот кој има прекрасни луѓе, со тоа можеби најави враќање во Милан.

„Милано е прекрасен град, тоа е мој втор дом, имам минато прекрасни моменти во овој град“ – изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ најави дека ќе игра уште долго, вели и до 50 години и тоа на ова ниво. Милан, предводен од Звонимир Бобан го сака Швеѓанецот во екипата, иако има 38 години тој е интересен играч за клубот од „Сан Сиро“.