Златан Ибрахимовиќ пред само неколку дена влезе во конфликт со изршниот директор на Милан, Иван Газидис, па поради тоа неговата иднина на „Сан Сиро“ е неизвесна.

Тој сепак бара да започне разговори за нов договор со „Росонерите“. Од Милан бараат Швеѓанецот да почека до крајот на сезоната, па да се започне разговор околу неговиот нов договор, кога „Росонерите“ ќе имаат појасна слика околу иднината на клубот.

38-годишникот нема намера да чека и италјанските медиуми тврдат дека сака веднаш да ја реши сопствената иднина, барајќи 4 милиони евра по сезона како би останал на  „Сан Сиро“.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека , поранешниот шведски репрезентативец започнал да разгледува и други опции во случај да не се договори со Милан.