Златан Ибрахимовиќ најави дека нова етапа во неговата фудбалска кариера ќе биде Италија, а голем број клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Според италијанските медиуми, најголем интерес има од Милан, Болоња, Рома и Фиорентина, но проблем за овие клубови се примањата на Ибрахимовиќ. Швеѓанецот од новиот клуб ќе бара лични примања од 1 милион евра месечно.

Со вакви финансиски барања прашање дали еден од овие тимови е подготвен да ги исполни условите на Ибрахимовиќ, кој и покрај својата класа е на залезот од кариерата.

Интерес за Ибрахимовиќ има и од Манчестер јунајтед, а наскоро ќе се знае каде Швеѓанецот ќе ја продолжи кариерата.