Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе остане во ЛА Галакси најмалку уште една сезона. Клубот од Лос Анџелес му понудил плата која не се одбива.

Според информациите Болоња отпадна, Наполи веќе не е опција, Јунајтед уште помалку, актуелниот клуб на Швеѓанецот, ЛА Галакси со понуда од 14 милиони евра ќе го задржи напаѓачот во своите редови.

Ова е голем пресврт, Ибрахимовиќ ја критикуваше МЛС лигата и квалитетот на фудбалот, но се чини 14 милиони евра се сума  која не се одбива на 38 годишна возраст.

Ибрахумовиќ во МЛС игра од март 2018 година, постигна 53 голови на 58 натпревари.