Златан Ибрахимовиќ зимскиот преоден рок се врати на „Сан Сиро“ каде потпиша договор со Милан до крајот на сезоната. Тој дојде како слободен фудбалер од редовите на ЛА Галакси и на свои 38.години ја потврди својата класа.

Ибра на 9.натпревари за „росоњерите“ постигна три гола и две асистенции. Според, „Калчомеркато“, Швеѓанецот по крајот на сезоната ќе го продолжи договорот со италјанскиот гигант без разлика дали Милан ќе успее да избори пласман во Лигата на шампиони.

Тој според италјанските медиуми ги започна преговорите со спортските директори Малдини и Бобан, а покрај него договорот на уште една година ќе го продолжи искусниот дефанзивец Симон Кјаер.