Тоа што беше најaвeно добива потврда, УЕФА отвори истрага за Златан Ибрахимовиќ кој наводно има акции во една компанија за обложување на Малта.

УЕФА потврди дека отворена истрга, каков ќе биде епилогот засега е нејасно, но Ибра може да се соочи со доживотна суспензија од фудбалот, доколку се потврдат шпекулациите преку поведената истрага.

„Согласно членот 31(4) од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, етичките и дисциплинските директори на УЕФА се задолжени да спроведат истрага за потенцијалното кршење на правилата од страна на Златан Ибрахимовиќ, кој наводно има финансиски влог во сопственичката структура на една обложувалница“, се вели во соопштението на УЕФА.

Шведските медиуми први објавија дека Ибрахимовиќ има проблем, УЕФА реагираше, и доколку докаже дека Швеѓанецот има акции во обложувалница го очекува сериозна казна.