Потегот на шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ во дуелот со Мохамед Ал Мунир се најде под истрага.

Раководството на МЛС Лигата започна истрага за инцидентот од натпреварот помеѓу градските ривали Лос Анџелес Галакси и ФК Лос Анџелес (3:2).

За време на натпреварот Ибрахимовиќ го удри со лакт Мунир и му ја скрши јаболчната коска по што тој ќе мора да оди на операција која ќе му донесе излез од терените до крајот на сезоната.

Американските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ може да биде казнет по прегледувањето на видео снимките.