Работнички и Борец одиграа нерешено 1-1, пријателски натпревар од зимските подготовки. На дуелот во Велес, двете екипи одиграа борбен натпревар, а први поведоа  фудбалерите на Работнички со голот на Јован Петровиќ во 20.минута.

Српскиот интернационалец кој е на тестирање во тимот на Работнички, се снајде најдобро во петерецот по слободниот удар од десната страна и ја затресе мрежата на Борец.

Водството на Работнички беше анулирано кон крајот на натпреварот. Борец израмни со погодокот на Ибрахимовиќ во 82.минута од дуелот.