Навивачите на Милан се израдуваа на новиот договор меѓу Ибрахимовиќ и клубот до јуни 2022 година.

Ова следуваше краток коментар од ветеранот кој испрати порака до сите фудбалери кои се во поодминати години.

„Мислам дека е е тука позитивно, од денот кога пристигнав тука. Покажав дека годините не се важни. Се е до менталитетот. Секогаш се обидувам да напредувам и да ги правам нештата најдобро што можам. Се чувствувам добро и знам што се можам да направам. Се обидувам да им помогнам на сите тука. Да ги мотирам, од првиот ден кога дојдов тука.“ – изјави Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот оваа сезона постигна 15 голови на 17 натпревари за Милан а неизвесен е за настап за пресметката со Лацио закажана за в понеделник.