Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ е уникатен по многу нешта, сега го привлече вниманието со изјава што би правел доколку биде тренер.

Ибра изјави дека тоа не е професија за него, темпераментен е, и доколку некогаш биде тренер ќе биде опасен по играчите.

„Мислам дека никогаш нема да бидам тренер, тоа не е професија за мене. Сигурен сум  дека ќе истепам најмалку двајца мои фудбалери додека се игра натпреварот,другите ќе ги тепам по завршувањето.Тоа нема да биде добро ниту за нив, ама ниту и за мене“, изјави Ибра.