Милан официјално потврди дека нивниот најдобар играч, Златан Ибрахимовиќ е позитивен на Ковид-19.

Ова е втор случај на позитивен кај Милан, вчера клубот потврди дека Лео Дуарте има коронавирус. Проблемите не застанаа тука, денеска потврда и за Ибрахимовиќ кој оди во изолација.

Швеѓанецот ќе го пропушти мечот во Европа лигата со Бодо, но и во Серија кои се на програмата следните две недели.