Легендарниот Златан Ибрахимовиќ ја доби наградата за најдобар фудбалер во МЛС лигата во изборот на ЕСПН спортската телевизија.

Поранешниот репрезентативец на Шведска оваа сезона игра во неверојатна форма во дресот на ЛА Галакси. Постигна 13 голови на 15 натпревари и е на добар пат да го подобри остварувањето од минатата натпреварувачка година.

Ибрахимовиќ е деветиот играч во историјата на ЛА Галакси кој се закитил со ова признание.