Златан Ибрахимовиќ со стил се одјави од ЛА Галакси, дојдов, видов, освои, а сега повторно гледајте бејзбол, им порача на Американците често контроверзниот Швеѓанец.

Веќе е извесно дека нема да игра во МЛС лигата, се враќа во Европа, прашањето е кој ќе биде негов следен клуб во кариерата, иако има 38 години, Ибрахимовиќ е ѓелба на многу екипи.

Милан е најсериозниот кандидат за потпис на Ибрахимовиќ, клубот од Милано е во очајна позиција на табелата во калчото, проблем е високата плата на Швеѓанецот, но „росонерите“ прават се да стигнат до неговиот потпис.

Во Италија интерес за Ибрахимовиќ имаше од повеќе клубови, Болоња беше една од нив, но зделката пропадна, Милан е најсериозниот кандидат за договор иако не би изненадило ако Швеѓанецот му се придружи на Де Роси во Бока Јуниорс.