Златан Ибрахимовиќ се здоби со повреда на еден од тренинзите на Милан, но она што е страшно е тоа што многу веројатно станува збор за повреда на ахиловата тетива.

Во текот на денот се очекуваат подетални информации, откако ќе биде извршен преглед врз Швеѓанецот, а добро е тоа што ако не е ахиловата тетива, тој ќе отсуствува само еден месец.

Во спротивно ветеранот го очекува долга пауза, која може предвреме да му ја заврши кариерата ако се знае дека е во поодминати фудбалски години.