Според шпански „АС“ Златан Ибрахимовиќ е подготвен да го напушти ЛА Галакси и кариерата да ја продолжив во аргентинскиот гигант Бока Јуниорс.

37-годишниот Швеѓанин наводно сака кариерата да ја продолжи во Бока, а неговиот менаџер Мино Раиола веќе треба да имаат состанок околу постигнување на договор. Единствен проблем би биле финансиите кои Ибрахимовиќ ги бара, но еден од главните луѓе на Бока, Хорхе Анро вели дека можат да го платат популарниот Ибра.

„Вистина е дека Ибрахимовиќ сака да игра за нас, а ние ќе направиме се за да го доведеме. Клубот во моментот е во одлична финансика ситуација и можеме да си дозволеме таков луксуз“- изјави Анро.

Навивачите на Бока се веќе во делириум, откако пред неколку месеци на „Бомбоњера“ пристигна Даниеле Де Роси од редовите на Рома.