Златан Ибрахимовиќ и ЛА Галакси многу веројатно дека ќе се разделат во декември кога на Швеѓанецот му истекува договорот со клубот од Лос Анџелес.

Ибрахимовиќ е најблиску до преселба во Италија, има понуди од три клуба, Наполи, Интер и Болоња на Синиша Михајловиќ.

Швеѓанецот е во добри пријателски односи со Михајловиќ, во интервју за „GazzettadelloSport“ Ибрахимовиќ потенцира дека е можно да дојде во Болоња само поради пријателството со Србинот.

„Михајловиќ ми е добар пријател, ако ја изберам Болоња тоа ќе биде само поради него, имам понуди и од други клубови од Италија, разговарав со Синиша, често комуницираме, сите опции се отворени“ – изјави Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ во интервјуто потенцира дека 20 голови во „Серија А“ зе него се реалност во една сезона.