Златан Ибрахимовиќ со два гола учествуваше во нерешените 3-3 против Рома во Милано, дерби во Серија А кое ги оправда сите очекувања.

Швеѓанецот погоди два пати, еднаш од игра и еден гол постигна од пенал, Ибра има 6 гола сезонава зад своето име на пет натпревари.

Ибрахимовиќ објави фото на Инстаграм со кое покажа колку ужува во фудбалската игра и головите, има 39 години и не знае за доста.