Пред играчите на Милан е гостување кај Порто во натпреварот од 3.коло од групата Б од Лигата на шампионите. Мечот, кој започнува во 21 часот, може да донесе рекорд и за Златан Ибрахимовиќ.

Со натпреварот во Португалија, Ибрахимовиќ може да го прескокне легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти и да стане најстариот играч што постигнал гол во тоа натпреварување.

Тоти го држи тој рекорд откако постигна гол против ЦСКА Москва на возраст од 38 години и 59 дена.

Шведскиот напаѓач ги пропушти натпреварите против Ливерпул на „Енфилд“ и Атлетико на „Сан Сиро“, но треба да биде подготвен за третото коло. Тој го прослави својот 40 -ти роденден претходно овој месец.