Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ имал сериозна расправа со извршниот директор, Иван Газидис.

По три месеци, Газидис се појавил во Милано, имал состанок со тимот и најавил намалување на платите, поради кризата од Ковид-19.

Ибрахимовиќ на ова регирал бурно, пренесуваат медиумите од Италија.

„Зошто беше толку долго отсутен и сега се појавуваш на 48 часа пред полуфиналето со Јувентус. Немаш никаков проект, ова не е Милан што јас го знаев, премногу е неизвесно.“ – рекол Ибрахимовиќ.

Газидис на одва одговорил дека точно е неговото тврдење, Милан не е тоа што беше од секој аспект но најавил дека сопствениците имаат план за тоа да го вратат клубот на самиот врв.