Македонскиот фудбалски првак, Шкендија не успеа да постигне ниту еден гол на досегашните три европски натпревари летово, а нова шанса за тоа ќе има утре во реваншот против Рига во 2 квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими уверува дека негативата од 2:0 е достижна но за тоа мора да проработи нападот.

„Време е да почнеме да даваме голови. Знам дека можеме да славиме над Рига. На првиот меч загубивме поради наши грешки. Ако бидеме посконцентрирани во нападот, резултатот ќе биде поразличен.“ – изјави Ибраими на денешната прес конференција пред утрешниот натпревар во Скопје.