Есенската титула во Првата македонска фудбалска лига му припадна на Вардар кој денес во дерби мечот на 18.коло одигра 2-2 против главниот конкурент за шампионската титула, тимот на Шкендија.

Еден од најдобрите фудбалери на шампионот, Бесарт Ибраими, смета дека тетовчани биле оштетени за два недосудени пенали, но исто така е задоволен од освоениот бод.

Добро е што на двапати успеавме да се вратиме од негатива. Вардар водеше, но ние стигнавме до бод. Ваквите натпревари многу лесно можеш и да ги добиеш и да ги загубиш. Сметам дека судијата не ни досуди два пенали, но тоа е можеби во тој момент мислеше дека немаше контакти. Осум бода негатива не е малку, но ние сме силни и напролет ќе се стремиме да ја одбраниме титулата. Се разбира, тоа нема да биде лесно“, истакна Ибраими.

Вардар на зимска пауза оди со осум поени предност во однос на Шкеднија и девет во однос на Академија Пандев.