Телото задолжено за креирање на фудбалските правила ИФАБ одлучи да ја промени одредбата врзана за случајно играње со рака во акција која ќе резултира со погодок.

„Случајното играње со рака кое би можело да доведе до тоа соиграчот во продолжението на акцијата да постигне гол, повеќе нема да биде казниво“– одлучи ИФАБ на своето годишно заседание.

Ова ново правило би требало да почне да важи од први јули годинава.