Антонио Конте и Бепе Марота веќе сериозно размислуваат дали да останат во Интер и во следната сезона, откако во пресрет на денешниот дуел со Сампдорија, управата на клубот побарала од сите играчи и членови на стручниот штаб да прифатат намалување на платите.

Ова е една од предвидените мерки на претседателот Жанг, за финансиска стабилизација на клубот, која повеќе од шест месеци не е во предвидените рамки и проекции.

Сите играчи одбиле да прифатат нови договори со намалени плати а во целата ситуација добиле поддршка и од Конте.

Имал и такви кои веднаш побарале да бидат ставени на трансфер листата и да бидат продадени во летниот преоден рок, тврди „Кориере Дело Спорт“.