После хистеричното однесување на помошникот тренер, Сорабија, кој за време на „Ел Класико“ ги навредувал играчите, Кике Сетјен, беше принуден да се извини за однесувањето на својот помошник.

Тој не смее така да се однесува, тоа е погрешно и нема повторно да се случи. Нас можат да не критикуваат поради измените, тактиката, но никако поради нашето однесување Во прашање е имиџот на клубот“, рече Кике Сетјен.

Сарабија е познат како мотиватор, но понекогаш и претерува.

Понекогаш знае да биде сила на екипата, но морада се контролира. Темпераментен е и знае да го покрене тимот, но некогаш губи контрола. Таквите работи му штетат на клубот“, додаде Сетјен.