Фудбалерите на Манчестер јунајтед го сакаат Маурисио Почетино за наследник на Оле Гунар Солскјер, тврдат британските медими.

Аргентинецот важи за главен фаворит за наследник на Солскјер во случај на отказ на Норвежанецот.

Притисокот врз Солскјер е голем по двата едноподруго порази на „црвените ѓаволи“ од Арсенал и Башакшехир.

„Дејли мејл“ и „Скај спортс“ објавија дека раководството на Манчестер засега има доверба во Солскјер, но евентуален пораз викендов од Евертон ќе значи и крај на неговата одисеја на клупата на Јунајтед.