Барселона пред време го раскина договорот со 23 годишниот Бразилец, Матеуш Фернандеш. Играчот од средниот ред имаше договор со Барселона до летото 2025-та година, но Барселона одлучи да го избрка порано.

А клубот од Каталонија тоа го направи на невообичаен начин.

„Не знаев за отказот и кога добив раскин на договорот, не можев да верувам. Без разговор, без ништо. Не ме повикаа дури ниту да се поздрават“– вели Матеуш за О Глобо, па продолжува:

„Бев дома со сопругата и од клубот ме прашаа дали ја користам истата е-адреса. Им потврдив, ап потоа ми пратија раскин на договорот. Не сфатив веднаш што се случува, му го пратив тоа на менаџерот и адвокатите ми кажаа дека тоа е раскин на соработката.“

Сега е разочаран.

„Немаше ништо да ги чини да ме повикаа на разговор. Многу грдо и непрофесионално од страна на клубот. Им препуштив се на своите адвокати. Сонував за дресот на Барселона и како дете и кога дојдов таму, не ме третираа како професионалец. Сите други играчи ги претставуваа, мене не. Тоа ми засмeта.“

Фернандеш во 2020 пристигна во Барселона од бразилски Палмеираш за десет милиони евра.