Раул Хименез  имаше кошмарен натпревар пред девет месеци.

Мексиканскиот напаѓач играше натпревар од Премиер лигата против Арсенал со својот Вулверхемптон кога остана да лежи по силната пресметка со Давид Луиз. Веднаш беше очигледно дека ситуацијата е сериозна, па неподвижниот играч беше поврзан со кислород и веднаш беше однесен во болница.

Таму му беше дијагностицирано внатрешно крварење, а операцијата на главата му го спаси животот. Неговото закрепнување траеше многу долго и го пропушти остатокот од сезоната, но почна полека да игра и ова лето. Тој денеска го постигна својот прв гол по повредата,  на пријателскиот натпревар против Стоук, а емоционалната прослава покажа колку му значи.

“Беше многу тешко и не се сеќавам што точно се случи. Се ми беше  матно. Само се сеќавам дека се разбудив во болница по операцијата. Не можев да сторам ништо и навистина беше тешко да се вратам во нормала. За среќа , ми помогна девојката.На неа и беше и најтешко затоа што сето тоа го гледаше на телевизија “, рече Хименез за настанот.

Поради комплицираната  повреда, тој ќе мора да носи заштитна кацига до крајот на кариерата.