Прво се појави веста дека некогашниот фудбалер на Рома, Јувентус, Интер и Парма, Луиџи Сартор, е уапсен, а сега е потврдено и дека е осуден.

Нему на терет му се стави одлгедување марихуана и заедно со својот соучесник се осудени, а Сартор доби затворска казна од една година и два месеци. Моментално е во куќен притвор и побара својата казна да отслужи помаѓајќи има на зависници од дрога, но тешко дека тоа ќе му биде дозволено.

Доколку оваа пресуда биде правосилна, тој ќе мора 14 месеци да помине во затвор, колку што сега доби, но и девет месеци, колку што беше условно осуден за учевство во обложувачки скандал и местење натпревари.

Полицијата од друга страна успеа да ја лоцира викендицата во околината Парма, каде Сартор одгледувал марихуана. Не е познато која е крајната цел, но поради големата количина сомнежите се дека е планирана продажба.