Раководството на Јувентус на лето пред се сака да се засили на позицијата класичен напаѓач, а според италијански „Тутоспорт“ Игуаин од следната сезона нема да биде дел од тимот на Маурисио Сари.

ПСЖ е силно заинтересиран да го донесе Аргентинецот, кој треба да го замени Кавани. Леонардо наводно стапи во контакт со братот на Игуаин, кој е и воедно негов менаџер.

Како замена за Аргентинецот, се претпоставува дека ќе биде Маурисио Икарди кој како позајмен фудбалер од Интер настапува во ПСЖ.