Аргентинскиот репрезентативец и член на италијански Јувентус, Гонзало Игуаин ги подгреа шпекулациите за негов транфер во Ривер Плата, откако изјави дека понудата од неговиот поранешен клуб е „многу заразна“.

„Ривер е клубот кој ми даде се, ми дозволи да заминам во Реал Мадрид, во овој момент не знам што ќе се случи, размислувам само за тоа што ме чека во Торино. Би сакал да се пензионирам во Ривер Плата, но во моментов посветен сум на Јувенутс.“ – вели Игуаин.

Напаѓачот влегува во последната година од договорот со Јувентус а според медиумите во Италија ова лето најверојатно ќе го промени клубот, Ривер Плата засега е најголем фаворит за неговиот потпис.