Гонзало Игуаин предвреме го заврши денешниот тренинг на Јувентус и е под знак прашалник за дуелот против Милан во рамки од Купот на Италија.

Според повеќе медиуми, аргентинскиот напаѓач излегол од тренинг центарот „Континаса“ поради повреда на мускулот од десната нога. Од тимот на „Старата дама“ потврдија дека се работи за повреда на десниот бутен мускул, но за среќа повредата не е од посериозен карактер.

И покрај тоа, Аргентинецот многу тешко би бил способен за настап против Милан, меч кој е закажан за 12.јуни. Првиот меч меѓу Милан и Јувентис на „Сан Сиро“ завши 1-1.