Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин ќе биде дел од составот кој ќе патува за Франција за мечот против Лион во рамки на осминафиналето од Лигата на шампиони.

Аргентинецот го пропушти последниот натпревар против СПАЛ, но вчера го одработи еден од тренинзите на „Старата дама“ и  Маурицио Сари треба да го има на располагање пред важниот натпревар во Франција.

31-годишниот играч последниот период има големи проблеми со болка во долниот дел на грбот. Во составот се враќаат и Миралем Пјаниќ и Сами Кедира, кој имаше операција на коленото.

За разлика од нив крилниот напаѓач, Даглас Коста своето враќање на терените се очекува да го има престојниот викенд за дуелот против Интер во дербито на Италија.