Јувентус на мечот против СПАЛ наредниот викенд ќе биде хендикепиран со неиграњето на Гонзало Игуаин. Аргентинецот го пропушти последниот тренинг поради болки во грбот.

Популарниот „Пипита“ боледува од лумбаго, хронична болест која повремено се појавува.

Миралем Пјаниќ е исто така под знак прашалник за мечот со СПАЛ, откако го повреди бутниот мускул на левата нога на мечот со Бреша.

Сами Кедира и Федерико Бернардески се вратија на тренинзите оваа седмица, а Леонардо Бонучи е суспендиран.